УМЕРЕН ИНТЕНЗИТЕТ НА СООБРАЌАЈ – Без гужви на границите
АМСМ апелира на внимателно и прилагодено возење

Денеска (31.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100м. има на патниот правец Свети Николе, Сарамзалино и Велес.
Од АМСМ потестуваа дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

