УКРАИНА Е ЕДНА ОД НАЈКОРУПИРАНИТЕ ЗЕМЈИ Путин е голема закана, најави депортација на 90.000 мигранти

Лидерот на „Реформа Велика Британија“ го доведе во прашање трошењето на британската помош за Киев, а доколку победи на изборите, најавува петгодишна забрана за азил.

УКРАИНА Е ЕДНА ОД НАЈКОРУПИРАНИТЕ ЗЕМЈИ Путин е голема закана, најави депортација на 90.000 мигранти
Фото: Принтскрин

Лидерот на британската партија „Реформа Велика Британија“, Најџел Фараж, изрази загриженост за трошењето на британските пари наменети за помош на Украина, оценувајќи дека земјата е „една од најкорумпираните во светот“. Сепак, тој предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин претставува поголема закана од кога било досега.

„Дали треба да продолжиме да ја поддржуваме Украина? Тоа е една од најкорумпираните земји во светот, сите го знаеме тоа. Многу сум загрижен каде завршиле дел од нашите пари“, изјави Фараж на прес-конференција, пренесува британскиот „Телеграф“.

Тој се повика на корупциските скандали што ја потресоа администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека во одреден момент одржувањето избори во Украина би можело да биде важно.

Истовремено, Фараж најави дека доколку неговата партија победи на следните парламентарни избори во Велика Британија, ќе воведе петгодишна забрана за доделување азил и ќе започне со депортација на околу 90.000 мигранти чии барања сè уште се во постапка.

Планот бил претставен на прес-конференција во Хајт, Кент, а предвидува суспендирање на системот за азил во текот на парламентарниот мандат, вклучително и постапките пред трибуналите за азил, легалните патишта за пристигнување бегалци и програмите за нивно преселување.

Портпаролот на партијата за внатрешни работи, Зија Јусуф, оцени дека планот би претставувал „најголемата програма за масовна депортација што оваа земја некогаш ја видела“.

CATEGORIES
Share This