УЕФА ГО СУСПЕНДИРА ПРЕСТИЈАНИ – Тој најавува тужба против Винисиус и Мбапе

Престијани тврди дека го нарекол Винисиус „пе*ер“, додека Реал укажува на расистички навреди.

УЕФА ГО СУСПЕНДИРА ПРЕСТИЈАНИ – Тој најавува тужба против Винисиус и Мбапе
Фото: Принтскрин

Аргентинскиот фудбалер на Бенфика, Џанлука Престијани, е суспендиран од УЕФА за реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, по инцидентот со Винисиус Жуниор во првиот натпревар од плејофот.

Првиот натпревар, кој се одигра во Лисабон, заврши со победа на Реал Мадрид од 1:0, со голот на Винисиус. По постигнувањето на голот, Винисиус се жалеше на судијата дека бил расистички навредуван од Престијани, кој, како што тврдат од Реал, го нарекол Бразилецот „мајмун“ и ја навлекол маицата преку уста.

Престијани, од своја страна, тврди дека го нарекол Винисиус „пе*ер“, а не „мајмун“. УЕФА брзо реагираше и го суспендираше Аргентинецот за најмалку еден натпревар, додека трае истрагата. Доколку се докаже расна навреда, тој може да добие суспензија и до десет натпревари.

Според шпанските медиуми, постои можност Винисиус навистина да бил расно навредуван. Натпреварот во Лисабон беше прекинат околу десет минути по инцидентот, а на крајот, дел од навивачите на Бенфика фрлаа предмети, вклучително шишиња и електронски цигари, кон играчите на Реал Мадрид.

Реванш-натпреварот меѓу Реал Мадрид и Бенфика е закажан за утревечер во Мадрид. Покрај тоа, „Ел Чирингито“ пренесува дека Престијани би можел да покрене тужба против Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе за наводно дискриминаторско однесување.

CATEGORIES
Share This