УДАР ВРЗ ИНСТИТУЦИИТЕ Нападнат даночен контролор додека вршел контрола, УЈП бара одговорност

Од Управата за јавни приходи велат дека службените лица биле попречувани и нападнати при извршување на законските овластувања.

УДАР ВРЗ ИНСТИТУЦИИТЕ Нападнат даночен контролор додека вршел контрола, УЈП бара одговорност
Фото: Принтскрин

Управата за јавни приходи најостро го осуди физичкиот напад и попречувањето на службени лица при извршување на даночна контрола на локалитетот Куклица. Од УЈП посочуваат дека вработените кои ги извршуваат своите законски обврски не смеат да бидат изложени на насилство, закани или каков било вид притисок.

„Нападот врз даночен контролор не претставува само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на правото и институциите на државата“, велат од УЈП.

Од институцијата изразија целосна поддршка за своите колеги кои, како што наведуваат, професионално и одговорно ги извршуваат работните задачи. УЈП очекува надлежните институции целосно да го истражат случајот и да обезбедат соодветна законска одговорност за сторителот.

CATEGORIES
Share This