УАПСЕН ВОЗАЧОК КОЈ ПРЕГАЗИ ДЕТЕ И ПОБЕГНА ОД МЕСТОТО Девојчето со тешки повреди беше хоспитализирано
По интензивна потрага, полицијата го пронашла возачот и возилото. По наредба на јавен обвинител, тој е задржан и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопската полиција синоќа уапси 59-годишен скопјанец, осомничен дека на 28 октомври со возило „фиат сеиченто“ прегазил 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и побегнал од местото.
Девојчето со тешки повреди е хоспитализирано во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и е надвор од животна опасност.
По интензивна потрага, полицијата го пронашла возачот и возилото. По наредба на јавен обвинител, тој е задржан и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Жителите од овој дел на градот повторно бараат поставување семафор и забавувачи на брзина на улицата „Перо Наков“, позната по честите сообраќајни несреќи со пешаци.
CATEGORIES Македонија


