ТУРНИР ВО АНКАРА Македонските ракометарки триумфално го освојија првото место

Во директен дуел за првото место, Македонија ја совлада Словачка со 26:24

ТУРНИР ВО АНКАРА Македонските ракометарки триумфално го освојија првото место
Фото: Принтскрин

Во последниот натпревар на турнирот, кој решаваше за првото место, нашите ракометарки ја победија Словачка со 26:24. Првиот дел се играше израмнето, со чести голови за гол, па на полувреме резултатот беше 12:12.

Второто полувреме македонските ракометарки го започнаа силно, постигнувајќи три последователни гола за водство од 15:12. Најголемата предност беше плус четири, 21:17, што веќе го најавуваше триумфот на жолто-црвените, кој на крајот беше потврден со победа од два гола разлика.

Кипријановска со седум и Ризоска со шест гола беа најдобри стрелки на нашиот тим.

Со денешната победа над Словачка, заедно со претходната победа над Турција и нерешениот натпревар со Словенија, македонските ракометарки го завршија турнирот како првопласирани.

Овие натпревари за селекторот Грчевски и неговите избранички претставуваат одлична подготовка за претстојниот двомеч со Белгија во рамките на евроквалификациите.

CATEGORIES
TAGS
Share This