ТРАНСФЕР-БОМБИ ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА Европа во трка со времето
Денеска истекува рокот во најсилните европски лиги, а клубовите имаат само уште неколку часа за да ги комплетираат последните големи зделки.

Денеска е Deadline Day, последниот ден од летниот преоден рок, а најголемите европски клубови влегуваат во трка со времето за да ги реализираат последните трансфери пред затворањето на пазарот.
Во Италија, Германија и Франција, преодниот рок се затвора во 20 часот, додека клубовите во Англија ќе имаат време до полноќ. Во Шпанија, пак, рокот истекува во 23:59 часот.
Токму последниот ден традиционално носи најмногу возбуда, неизвесност и драматични пресврти. Преговорите кои траат со денови често се забрзуваат во последните часови, а клубовите се обидуваат во последен момент да ги комплетираат засилувањата, заминувањата и позајмиците.
За оние кои нема да успеат да ги завршат своите зделки во најсилните европски лиги, сепак постојат и дополнителни опции. Турција го затвора пазарот на 4 септември, додека Саудиска Арабија ќе има отворен преоден рок дури до 12 октомври.
Сепак, за европските гиганти времето истекува. До затворањето на пазарот остануваат уште само неколку часа, а токму во овој период најчесто се случуваат најголемите изненадувања.
Последниот свиреж на трансфер-пазарот е сè поблиску а најголемата драма допрва може да следува.

