МАТЕЈ БЕЛИСТОЈАНОВСКИ НЕЗАПИРЛИВ Го освои Таранто и донесе историско злато за Македонија

Четири борби, четири победи и само два примени поени, македонскиот каратист доминираше до златото.

МАТЕЈ БЕЛИСТОЈАНОВСКИ НЕЗАПИРЛИВ Го освои Таранто и донесе историско злато за Македонија
Фото: Принтскрин

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски испиша историја на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи го златниот медал во категоријата до 67 килограми.

Белистојаноски до најсјајното одличје стигна на доминантен начин, со четири победи во низа, при што во секоја од нив покажа убедлива надмоќ над противниците.

Во финалето македонскиот репрезентативец беше убедлив против Хрватот Боран Берак, кого го совлада со 6:0 и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Претходно, во полуфиналето, Белистојаноски славеше против Гркот Балиотис со 5:1, додека во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот Мареска со 2:0.

Патот до финалето го започна со триумф во осминафиналето против Сириецот Алмасалмех, кого го совлада со 6:1.

Со четири убедливи победи, Белистојаноски не само што стигна до златото, туку го донесе и првото златно одличје за Македонија на овие Медитерански игри.

CATEGORIES
Share This