ТРАМП СО УЛТИМАТУМ ДО БИ-БИ-СИ Закана со тужба од една милијарда долари заради документарец

Адвокатите на Трамп тврдат дека документарецот бил монтиран со цел да влијае врз претседателските избори, обвинувајќи ја Би-Би-Си за „лажи и манипулации“.

ТРАМП СО УЛТИМАТУМ ДО БИ-БИ-СИ Закана со тужба од една милијарда долари заради документарец

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ упати ултиматум на британската корпорација Би-Би-Си, барајќи да го коригира документарниот материјал во кој, според него, неговиот говор бил намерно изопачен и погрешно претставен.

Според NBC News, правниот тим на Трамп ѝ дал на Би-Би-Си рок до 14 ноември во 22:00 часот по британско време да се усогласи со барањето, во спротивно ќе следи тужба вредна најмалку една милијарда долари.

Адвокатите на Трамп тврдат дека документарецот бил монтиран со цел да влијае врз претседателските избори, обвинувајќи ја Би-Би-Си за „лажи и манипулации“.

Од Би-Би-Си накратко соопштија дека писмото ќе биде разгледано и дека одговорот ќе биде доставен во предвидениот рок, додека Белата куќа ги упати сите барања за коментар до правниот тим на претседателот.

CATEGORIES
Share This