АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ СО НАЈУБАВИТЕ МАКЕДОНСКИ ЉУБОВНИ ПЕСНИ Новогодишен концерт по повод 25 години на сцената

По настапите во Осака и Виена, истакнатите македонски оперски уметници Ана и Игор Дурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Македонската опера и балет.
Под диригентство на Ана Спасовска и во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, концертот ќе понуди избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски.
Билетите за новогодишниот концерт се достапни на билетарницата на Македонската опера и балет, во книжарниците Литература.МК и онлајн на www.mktickets.mk.
CATEGORIES Сцена


