ТРАМП СО ОСТРИ ЗБОРОВИ Путин беше нападнат, затоа реагира

Коментарите на Трамп доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Москва и Киев, додека меѓународната заедница сè повеќе се обидува да посредува за намалување на судирите.

ТРАМП СО ОСТРИ ЗБОРОВИ Путин беше нападнат, затоа реагира
Фото: Принтскрин

Во изјава што предизвика реакции и дебати, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека го разбира рускиот претседател Владимир Путин во врска со неодамнешните украински напади врз руски воени аеродроми.

„Го нападнаа. Тој возврати. Јас го разбирам“, изјави Трамп, алудирајќи на Путиновите потези по серијата украински напади. Според него, руското раководство било „силно погодено“ и затоа чувствувало потреба за одговор.

Трамп нагласи дека Путин не игра игри и оти Кремљ бил јасен во пораките дека Русија нема друг избор освен да реагира на нападите.

„Веројатно ќе биде непријатно. Не ми се допаѓа. Му реков: Не го прави тоа. Треба да го прекинете тоа. Има многу омраза“, рече тој.

Осврнувајќи се на актуелната ситуација, Трамп предупреди дека е подготвен да воведе строги санкции и кон Русија и кон Украина, доколку двете страни не седнат на преговарачка маса.

„Имам рок во мојата глава. Ќе постапиме строго. Ова е војна која никогаш не требаше да започне. Сакам да престане убиството“, потенцираше Трамп.

Изјавата доаѓа само неколку дена по информацијата од руското Министерство за одбрана, кое објави дека Украина на 1 јуни нападнала аеродроми во пет руски региони, користејќи дронови. Според руските извори, дел од нападите биле одбиени, но неколку авиони биле оштетени или уништени.

Коментарите на Трамп доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Москва и Киев, додека меѓународната заедница сè повеќе се обидува да посредува за намалување на судирите.

CATEGORIES
Share This