ТРАМП СО НОВА ИДЕЈА ЗА УКРАИНА, МОСКВА ВЕДНАШ ОДГОВОРИ Мора внимателно да се разгледа
Изјавата за можноста за затворање на небото над Украина предизвика реакција од Кремљ, кој предупреди дека таков чекор би значел ангажман на сили на НАТО.

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп водат конструктивен дијалог и покрај несогласувањата меѓу Москва и Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тие навистина водат конструктивен дијалог, и покрај одредени разлики во ставовите што постојат“, рече Песков на брифинг со новинарите.
Осврнувајќи се на изјавите на Трамп дека зголемувањето на притисокот и ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина би можеле да придонесат за побрзо постигнување мировно решение, Песков оцени дека Москва не гледа таква намера од страна на Вашингтон. Според него, станува збор за „заблуда“ на американската администрација дека воениот притисок може да доведе до мир.
„Не го гледаме тоа како враќање на патот на ескалација. Напротив, гледаме одредени заблуди во Белата куќа дека зголемувањето на тензиите и воениот притисок можат да придонесат за мирно решавање на конфликтот“, изјави Песков.
Тој додаде дека чекорите што водат кон дополнително зголемување на тензиите нема да помогнат во мировниот процес. Песков се осврна и на изјавата на Трамп за можноста за затворање на воздушниот простор над Украина како дел од безбедносните гаранции. Тој оцени дека станува збор за „нова иницијатива“ која претходно не била разгледувана.
„Никој претходно не го поставуваше прашањето за затворање на небото. Во секој случај, тоа би значело дека вооружени сили на земја членка на НАТО би дејствувале на територијата на Украина. Токму против такво сценарио се спроведува специјалната воена операција“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков додаде дека Москва допрва треба внимателно да анализира колку е разработена идејата, кој разговарал за неа и какви би биле нејзините практични последици.


