ТРАМП СО НОВА ИДЕЈА Езерото Онтарио да стане „Езеро Америка

Американскиот претседател предлага промена на името во услови на продлабочување на трговскиот спор со Канада.

ТРАМП СО НОВА ИДЕЈА Езерото Онтарио да стане „Езеро Америка
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави дека размислува за промена на името на езерото Онтарио во „Езеро Америка“ поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Канада.

„САД сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во Езеро Америка бидејќи не веруваме дека повеќе ќе работиме со Онтарио“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Тие нема да одговараат на објавите на Трамп на социјалните мрежи Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се граничи со канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

CATEGORIES
TAGS
Share This