ТРАМП СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД Вашингтон и Линколн зад него, Обама и Бајден на дното

Американскиот претседател објави сопствено рангирање на лидерите на САД - себе си се стави на врвот, а своите политички противници ги испрати меѓу „најголемите губитници“.

ТРАМП СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД Вашингтон и Линколн зад него, Обама и Бајден на дното
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп се стави себеси на самиот врв на листата на најголеми претседатели во историјата на Соединетите Американски Држави.

Трамп рангирањето го објави на својата социјална мрежа „Truth Social“, при што себеси се вброи меѓу „најголемите“, заедно со некои од најпознатите американски претседатели, како Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн и Томас Џеферсон.

На спротивниот крај од листата, во категоријата „најголеми губитници“, Трамп ги смести претседателите кои често се предмет на неговите критики, меѓу кои и поранешните демократи Барак Обама и Џозеф Бајден.

Во категоријата „блиску до најголемите“ ги стави Теодор Рузвелт, Гровер Кливленд, Џон Адамс и Џејмс Нокс Полк.

Бил Клинтон, пак, според Трамповото рангирање, е во категоријата „просечни“, додека Џејмс Бјукенен и Калвин Кулиџ се оценети како „под просекот“.

Објавувањето на листата доаѓа по неодамнешна анкета на Си-Ен-Ен, според која 53 проценти од републиканските гласачи го наведуваат Трамп како претседател на Републиканската партија кого најмногу го почитуваат. Зад него се Роналд Реган и Абрахам Линколн.

Трамповото рангирање повторно го привлече вниманието кон неговиот специфичен начин на оценување на американските претседатели и неговата честа споредба со историските лидери на САД.

CATEGORIES
Share This