ТРАМП ПОТПИША ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОСИЕЈАТА ПОВРЗАНИ СО ЕПСТИН Ќе станат јавно достапни за 30 дена

Епстин во 2008 година беше осуден за подведување малолетничка, а во 2019 повторно беше обвинет за трговија со малолетни девојчиња за секс.

ТРАМП ПОТПИША ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОСИЕЈАТА ПОВРЗАНИ СО ЕПСТИН Ќе станат јавно достапни за 30 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон за објавување на досиејата поврзани со Џефри Епстин. Документите, кои треба да бидат јавно достапни во рок од 30 дена, може да откријат нови детали за активностите на Епстин, кој во минатото се дружел со Трамп и други влијателни личности.

Епстин во 2008 година беше осуден за подведување малолетничка, а во 2019 повторно беше обвинет за трговија со малолетни девојчиња за секс. Тој почина во затвор во Њујорк додека го чекаше судењето, а смртта беше прогласена за самоубиство – што поттикна бројни теории на заговор.

Државниот обвинител Пам Бонди изјави дека Министерството за правда ќе ги објави сите материјали согласно законот и ќе обезбеди максимална транспарентност. Досијата вклучуваат голем број документи, транскрипти од интервјуа и предмети запленети од имотите на Епстин.

CATEGORIES
Share This