ТРАМП ОТКРИ ШОКАНТНА ВИСТИНА – Вие бевте први што побаравте војна
Трамп директно го посочи својот министер за одбрана како иницијатор на воените планови кон Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи на тркалезна маса за борбата против криминалот во Мемфис, ја спомена и ситуацијата на Блискиот Исток, истакнувајќи дека министерот за одбрана Пит Хегсет бил првиот член на неговата администрација кој се залагал за воена акција.
Трамп рече:
„Вие бевте првите што побаравте војна. Се јавив на многу наши високи претставници и реков: ‘Треба да разговараме. Имаме проблем на Блискиот Исток. Иран е извор на тероризам веќе 47 години и е блиску до нуклеарно оружје.“
Понатаму, во присуство на Хегсет, Трамп додаде:
„Пит, мислам дека вие бевте првиот што го кажа тоа. Рековте: ‘Ќе го направиме тоа, бидејќи не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје.’ Сега водиме многу добри разговори, кои започнаа синоќа и ноќта пред тоа. Тие се многу позитивни. Се согласиле да немаат нуклеарно оружје, но ќе видиме и мора да се реализира. Шансите се многу големи.“
За потсетување, САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Од тогаш, американската администрација нуди повеќе објаснувања за интервенцијата, при што најчесто се нагласува нуклеарната закана од Иран.


