ТРАМП НАЈАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Но има услов
Американскиот претседател тврди дека конфликтот наскоро ќе заврши, но бара гаранции дека Техеран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје. Пред изборите на 3 ноември не најавува нов американски напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека војната против Иран се приближува кон својот крај, но не откри на кој начин Вашингтон планира да го постигне тоа. Во интервју за радиостаницата KCMO во Канзас Сити, Трамп порача дека завршувањето на конфликтот е блиску, нагласувајќи дека за САД постои еден клучен услов.
„Наскоро ќе заврши. Ни треба гаранција дека никогаш нема да има нуклеарно оружје“, изјави американскиот претседател.
Според изјавата на Трамп, американската администрација инсистира на гаранции дека Иран нема да развие или да поседува нуклеарно оружје. Сепак, претседателот не објасни како би биле обезбедени таквите гаранции и дали Вашингтон подготвува нов дипломатски договор или други мерки.
Трамп изјави дека САД нема да извршат напад врз Иран пред среднорочните избори во Америка, закажани за 3 ноември. Ваквата порака доаѓа во период кога американската администрација се соочува со важен политички тест на домашната сцена, додека прашањето за Иран останува едно од значајните надворешнополитички предизвици.
Во изминатите неколку недели Трамп повеќепати најавуваше дека САД и Израел наскоро ќе „ја завршат работата“ во Иран. И покрај ваквите изјави, американскиот претседател сè уште не прецизираше дали планира да даде предност на дипломатските преговори или на воени мерки. Оттука, останува отворено прашањето дали најавениот крај на војната ќе биде резултат на политички договор или на дополнителен притисок врз Техеран.
ТРАМП ГИ РАЗГЛЕДУВА ВОЕНИТЕ ОПЦИИ ЗА ИРАН – САД се подготвуваат за можен удар

