ТРАМП Е КОРУМПИРАНА САТАНА – Војната ќе заврши со победа на Иран пред Персиската Нова Година

Иранскиот воен советник Сафави предвиде завршување на конфликтот пред 21 март и истакна дека Кина и Русија ќе излезат како победници.

ТРАМП Е КОРУМПИРАНА САТАНА – Војната ќе заврши со победа на Иран пред Персиската Нова Година
Фото: Принтскрин

Јахја Рахим Сафави, висок воен советник на иранскиот ајатолах Моџтаба Хамнеи, изјави дека војната во Иран ќе заврши пред Персиската Нова Година, на 21 март. Тој исто така предвиде дека Кина и Русија ќе излезат како победници, со зголемување на нивната економска и воена моќ.

Сафави остро ја критикуваше политиката на Соединетите Американски Држави и американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „најкорумпираниот и најглупав претседател“ и „сам Сатана“. Според него, конфликтот се движи кон решителна победа за Исламската Република, и Иран овој пат ќе ги наметне своите барања.

Тој повтори се закани за „искоренување на Израел“, изразувајќи цврст став против американското влијание и регионалните противници, во изјава за иранската државна телевизија.

CATEGORIES
TAGS
Share This