ТРАМП ЈА АКТИВИРАШЕ ВОЈСКАТА Американски авиони удрија по Иран, експлозии го потресоа југот на земјата

Вашингтон тврди дека нападите се одговор на ударот врз трговски брод во Ормускиот теснец, додека Техеран сè уште нема целосна реакција.

ТРАМП ЈА АКТИВИРАШЕ ВОЈСКАТА Американски авиони удрија по Иран, експлозии го потресоа југот на земјата
Фото: Принтскрин

САД започнаа воздушни напади врз повеќе воени цели во Иран, откако Вашингтон го обвини Техеран дека извршил напад врз трговски брод во Хормускиот теснец. Според соопштението на Централната команда на американските вооружени сили (CENTCOM), нападите биле изведени на 26 јуни, а биле насочени кон објекти поврзани со складирање ракети и беспилотни летала, како и крајбрежни радарски системи.

Американската војска соопшти дека акцијата била одговор на нападот врз бродот „M/V Ever Lovely“, кој пловел под знамето на Сингапур. Според американските власти, бродот бил погоден од борбен дрон додека го напуштал Ормускиот теснец во близина на брегот на Оман.

Од CENTCOM нападот го оценија како „неиспровоцирана агресија“ и предупредија дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на пловидба низ еден од најважните светски поморски коридори. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека во пристанишната област Сирик, на југот на Иран, одекнала силна експлозија. Според првичните информации, областа била погодена од ракета.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Иран го прекршил договорот за прекин на огнот, обвинувајќи го Техеран дека лансирал најмалку четири беспилотни летала кон бродови во Ормускиот теснец.

„Еден од дроновите ја погоди горната палуба на голем товарен брод. Бродот претрпе штета, но успеа да продолжи со пловидбата. Останатите три дрона беа соборени“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Американски претставници претходно изјавија дека бродот „Ever Lovely“ бил погоден додека се движел низ теснецот. Во нападот немало жртви, но бил оштетен дел од командниот мост на бродот. Најновите случувања дополнително ги зголемија тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, отворајќи ново прашање за стабилноста на клучната поморска рута низ која минува значаен дел од светската трговија со енергенси.

CATEGORIES
TAGS
Share This