СВЕТСКА ТРЕВОГА, ИРАН НАЈАВИ БРЗА ОДМАЗДА ПО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД Блискиот Исток пред нова експлозија на конфликтот

ИРГК тврди дека го одбила нападот врз островот Сирик, додека Вашингтон соопшти дека извршил удари како одговор на напад врз американски интереси.

СВЕТСКА ТРЕВОГА, ИРАН НАЈАВИ БРЗА ОДМАЗДА ПО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД Блискиот Исток пред нова експлозија на конфликтот
Фото: Принтскрин

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) најави брза и решителна реакција по новите американски воздушни напади врз иранска територија. Според иранските државни медиуми, ИРГК соопштила дека ги одбила нападите на САД врз островот Сирик, кој се наоѓа во близина на стратешки важниот Хормуски Теснец.

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) претходно информираше дека извршила напади врз повеќе цели во Иран, како одговор на нападот врз трговскиот брод „Еверлав“ кој пловел низ Ормускиот Теснец.

Иранските медиуми јавија дека во областа на пристаништето во Сирик била регистрирана силна експлозија, по што властите соопштиле дека локацијата била погодена со ракета. Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран дополнително се зголемуваат, а двете страни испраќаат пораки дека се подготвени на нови чекори.

ТРАМП ЈА АКТИВИРАШЕ ВОЈСКАТА Американски авиони удрија по Иран, експлозии го потресоа југот на земјата

CATEGORIES
Share This