ТРАГИЧЕН КРАЈ НА КАРИЕРАТА НА ЖЕРАРД ДЕУЛОФЕУ Се бори за чудо

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА КАРИЕРАТА НА ЖЕРАРД ДЕУЛОФЕУ Се бори за чудо

Некогашниот фудбалски талент Жерард Деулофеу, кој беше во центарот на вниманието, сега се соочува со тешка реалност. По сериозната повреда на коленото која ја задоби на почетокот на 2023 година, неговата кариера е на работ на пропаст. Веќе три години е надвор од теренот, а враќањето изгледа сè поневозможно.

Деулофеу, кој последно играше за италијанскиот клуб Удинезе, помина пет години во овој клуб, но последните две и пол години не успеа да се појави на теренот. Сега, како слободен играч, тој сонува за враќање, но сериозноста на повредата го прави тоа многу тешко. Во разговор со англиските медиуми, тој сподели дека е блиску до траен инвалидитет и не може да направи ни чекор. “Ова е многу повеќе од повреда, блиску до траен инвалидитет, како да имам протеза во коленото. Не можам да направам чекор бидејќи коската удира во кост и тоа е сериозна работа. Се борам против биологијата и мојата глава. Борбата трае веќе две години, имам среќа што сите од мојот тим се со мене,” изјави Деулофеу.

И покрај тешките околности, Деулофеу не се предава. Тој сонува за враќање на теренот и изрази желба да испише историја. “Ќе биде тешко, но сакам да испишам историја. Верувам дека можам да станам играч кој бил најдолго отсутен од теренот и кој успеал да се врати. Тоа за мене би било величествено. Се молам за чудо, а сакам тоа да го направам за моето семејство. Децата се родија знаејќи дека сум фудбалер, сега сакам да ме видат на терен,” порача тој.

Со своите 31 година, Деулофеу е во тешка ситуација и многумина сметаат дека неговата кариера е завршена. Сепак, неговата упорност и желба за враќање оставаат простор за надеж.

CATEGORIES
Share This