ТРАГЕДИЈА ПУЛС – Комеморација и меѓународна конференција

Денеска во Собранието ќе се одржи годишна комеморативна седница за жртвите од дискотеката во Кочани.

ТРАГЕДИЈА ПУЛС – Комеморација и меѓународна конференција
Фото: Национал

Денеска во Собранието ќе се одржи комеморативна седница по повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

На 14 март Владата ќе организира Меѓународна конференција под наслов „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“.

На настанот ќе присуствуваат претставници на институции, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери.

Како што вчера информира владината портпаролка Марија Митева, на конференцијата ќе учествуваат лекари и медицински тимови од 37 земји кои придонеле за лекувањето на настраданите во пожарот. Целта на конференцијата е да се направи сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата од првата интервенција и спасувањето животи, до долгорочниот третман, рехабилитацијата и предлагањето системски решенија за иднината.

На завршната сесија ќе бидат претставени идните чекори и системските решенија што ги преземаат институциите.

Во меѓувреме, за пожарот во дискотеката во Кочани се води судски процес.

CATEGORIES
Share This