ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ДРАЧЕВО-КАТЛАНОВО Загина 27-годишен маж од Студеничани

ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ДРАЧЕВО-КАТЛАНОВО Загина 27-годишен маж од Студеничани

Скопје, 15 мај 2025 — Еден млад живот згасна во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 22:20 часот на регионалниот пат Драчево–Катланово, во близина на селото Морани.

Според информациите од СВР Скопје, во несреќата животот го загуби 27-годишниот С.Ј. од селото Студеничани, откако возилото што го управувал — патнички автомобил од марката „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски таблички — излетало од коловозот.

Возилото прво удрило во рефлектирачко столбче, потоа во патна ограда и на крајот во електричен столб. Последниот паднал врз автомобилот, при што возачот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Во несреќата е тешко повреден и сопатникот во возилото — 22-годишниот Џ.Т., исто така од Студеничани. Тој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде му се укажува медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Екипа од СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата, а истрагата за причините продолжува.

CATEGORIES
Share This