ТОП 5 ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ЗА 2024/25 – Рекордерот со приходи од преку 1 милијарда евра
Приходите од натпревари бележат благо намалување, додека телевизиските права донесоа 334,9 милиони евра

Реал Мадрид трета година по ред е лидер според светската ранг-листа на клубови со највисоки приходи, покажува извештајот на ревизорската фирма „Deloitte“ за сезоната 2024/25.
„Кралскиот клуб“ минатата сезона оствари приходи од 1,161 милијарда евра, надминувајќи ги 1,046 милијарди евра од претходниот период и станувајќи првиот клуб во историјата што заработил над 1 милијарда евра за една сезона.
Комерцијалните приходи пораснаа за 23%, достигнувајќи 593,6 милиони евра, благодарение на подобрена продажба на стока и нови партнери. Приходите од натпревари се намалија за 6% на 232,5 милиони евра, додека од телевизиски права клубот заработи 334,9 милиони евра.
Во Топ 5 по приходи се уште и Барселона (975 милиони евра), Баерн Минхен (861 милион евра), Пари Сен-Жермен (837 милиони евра) и Ливерпул (836 милиони евра).

