ТИ ОДЛУЧУВАШ ШТО И КОЛКУ ВРЕДИ Светот го одбележува Circular Monday
Основано во Шведска во 2017 година како позитивен пандан на Црниот петок, Circular Monday прерасна во независно светско движење кое опфаќа 60 земји, поврзувајќи волонтери, брендови и креатори на промени кои застапуваат поправки, повторна употреба и внимателна потрошувачка. Само во 2025 година, кампањата достигна 108 милиони луѓе во 58 земји, без платено рекламирање.

Здружението „АРНО“ и скопскиот центар за поправки „Ништо ново“ и оваа година, по втор пат, се приклучуваат кон глобалното движење Circular Monday, кое одбележува десет години од своето постоење. Минатогодишниот Црн петок (Black Friday) и Сајбер неделата (Cyber Week) достигнаа историски врв, при што светската продажба достигна рекордни 336,6 милијарди долари. Додека Црниот петок соборува нови рекорди од година во година, овој ден – понеделникот пред Црн петок ги повикува луѓето да погледнат подалеку од етикетата со цена и да ја вратат вистинската смисла на зборот „вредност“.
„Подобра зделка не треба да значи само поевтина. Поправен телефон, половно сако, дупчалка позајмена за едно попладне: ниту една од овие работи не е компромис, туку секоја од нив е паметен избор“, вели Александра Давидсон, соосновачка и глобална лидерка на Circular Monday. „Ти одлучуваш колку нешто вреди – не трговецот со својот календар за попусти. На тоа мислиме кога велиме: вратете ја вредноста во свои раце (put the U back in value).“
Основано во Шведска во 2017 година како позитивен пандан на Црниот петок, Circular Monday прерасна во независно светско движење кое опфаќа 60 земји, поврзувајќи волонтери, брендови и креатори на промени кои застапуваат поправки, повторна употреба и внимателна потрошувачка. Само во 2025 година, кампањата достигна 108 милиони луѓе во 58 земји, без платено рекламирање.
Преку локалните активности за поддршка на зелени социјални бизниси и преку центарот за поправки „Ништо ново“ кој промовира практики како поправки, размена, позајмување и библиотека на предмети, АРНО продолжува да ги инспирира промените во секојдневието.
„Оваа кампања не проповеда како не треба, туку покажува како може — подобро е милиони луѓе да прават мали, свесни избори отколку неколку стотици да живеат совршен одржлив живот. Затоа ги носиме во наративот и импакт-претпријатијата, вклучително и македонските циркуларни бизниси и зелени социјални претпријатија. Ние веруваме дека можеме да купуваме и користиме производи и услуги од претпријатија кои прават добро за животната средина и заедниците. Преку проектот „Инвестираме во промени“ токму ним ќе им нудиме поддршка, а преку нов ИПА проект ќе имаме работилници за поправки и едукативни настани“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.
Повеќе информации за глобалната иницијатива и начините за вклучување можат да се најдат на официјалната веб-страница circularmonday.com, како и на каналите на социјалните мрежи на АРНО и центарот „Ништо ново“.

