THE FRAME Кога вашиот телевизор станува уметничко дело

Ван Гог над софата, Моне во ходникот, различно ремек-дело секој месец. Со The Frame и неговата Art Store продавница, вашата дневна соба станува приватна галерија, а вашиот телевизор се вклопува и исчезнува во неа.

THE FRAME Кога вашиот телевизор станува уметничко дело
Фото: APRA BCG

Поголемиот дел од денот, телевизорот е голем црн правоаголник на ѕидот. Дизајнерите на ентериер поминале години обидувајќи се да го сокријат. Самсунг (“Samsung”) пристапи поинаку: зошто телевизорот да не го направиме нешто што навистина сакате да го гледате?

Таа идеја стана The Frame, ТВ уред што изгледа како врамена слика и прикажува уметнички дела кога не гледате телевизија.

Уметнички режим (Art Mode): галерија што никогаш не затвора

Притиснете го копчето за вклучување и филмот завршува, но екранот не е црн. Наместо тоа, The Frame се префрла во Уметнички режим и прикажува слика, фотографија или цртеж по ваш избор. Можете да изберете едно омилено дело, да создадете сопствена колекција или да му дозволите на телевизорот автоматски да ги менува уметничките дела во текот на денот.

Екранот е дизајниран да изгледа како хартија или платно. Екранот на “Samsung” без отсјај (Glare Free) ги спречува рефлексиите, па боите и потезите на четката изгледаат природно, како уметничкото дело навистина да виси на вашиот ѕид.

Исто така, можете да прикажете и сопствени фотографии: фотографии од одмор, цртежи на вашите деца или семеен портрет, врамени како вистинско уметничко дело.

Повеќе од 5.000 ремек-дела во вашата дневна соба

Во срцето на искуството е Art Store, дигиталната галерија на “Samsung” со повеќе од 5.000 уметнички дела од некои од најпознатите светски институции. Слики од Музејот на националната уметност Прадо (Museo Nacional del Prado), Музејот Орсе (Musée d’Orsay), Белведере (Belvedere), Тејт (Tate), Мет (The Met), МОМА (MoMA), Институтот за уметност во Чикаго (Art Institute of Chicago), В&А (V&A) и Центарот Помпиду (Centre Pompidou) се наоѓаат заедно со фотографии од Магнум Фотос (Magnum Photos) и современи дела од Арт Базел (Art Basel).

Без разлика дали ги сакате импресионистите, класичните портрети, смелата модерна уметност или црно-белата фотографија, има по нешто за сечиј вкус и за секоја просторија. Секој месец се додава нов куриран избор на уметнички дела, групирани по тема, за вашите ѕидови никогаш да не ви здодеат.

Три месеци уметност, на наш трошок

За да ви помогнеме да ја започнете вашата колекција, секој нов The Frame телевизор доаѓа со тримесечен бесплатен пристап до Art Store. Тоа се три месеци во кои можете да истражувате илјадници ремек-дела и да откриете што најмногу ви се допаѓа, пред да одлучите дали ќе продолжите понатаму.

Дизајн што одговара на вашиот дом

The Frame е доволно тенок за да стои рамно до ѕидот, исто како слика. Магнетните рамки ви овозможуваат да го промените изгледот на уредот, од класична бела боја или изглед на дрво, до модерна црна боја, за да се вклопи во вашиот ентериер. Резултатот е телевизор што се вклопува во просторијата исто толку природно како и уметничко дело.

Кога ќе дојде време за гледање, The Frame е одличен 4K Samsung ТВ уред, кој нуди остра слика, седум години бесплатни надградби на оперативниот систем и паметни функции за секојдневно уживање во содржините. Со помош на Vision AI Companion, можете дури и да прашате за уметничкото дело што се прикажува на екранот: кој го насликал, кога е создадено и што го прави посебно.

Art Store достапност, покрај The Frame

Art Store не е наменет само за The Frame. Достапен е и на телевизорите Samsung Micro RGB, OLED и Neo QLED, па така можете да уживате во врвна уметност на вашиот екран, без разлика кој модел на “Samsung” ќе го изберете.

Изберете го вашиот The Frame

Во Македонија, сите заинтересирани за ТВ уредот The Frame може да одберат еден од достапните модели – The Frame Pro и The Frame. The Frame Pro е достапен во големини од 85, 75, 65 и 55 инчи, додека пак The Frame може да го одберете со дијагонала од 85, 75, 65, 55 и 43 инчи.

Звук подеднакво елегантен како и сликата

ТВ уредот дизајниран како уметничко дело заслужува звучен систем што останува подалеку од видот. “Samsung” препорачува да го комбинирате The Frame со тенкиот саундбар S800D, кој стои блиску до ѕидот и одговара на неговиот чист, минималистички изглед. Благодарение на Q-Symphony, звучниците на телевизорот и саундбарот функционираат заедно како единствен систем, исполнувајќи ја просторијата со јасен и богат звук.

Врвно искуство при гледањето со посебни поволности

Ако размислувате да го разубавите вашиот простор со The Frame и да внесете уметност во домот, до 31 декември 2026 година ве очекуваат посебни поволности. Со купување и регистрација на избраните модели можете да обезбедите пет години заштита со “Samsung Care“.

Вашиот дом, вашата галерија

Дваесет години како светски бренд број еден за телевизори значат дека “Samsung” разбира дека телевизорот е дел од вашиот дом, а не само обичен екран. Со The Frame и Art Store, ТВ уредот станува најубавиот предмет на вашиот ѕид, без разлика дали е вклучен или исклучен.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

CATEGORIES
Share This