THE BEST 2025 – Усман Дембеле прогласен за најдобар фудбалер

ПСЖ триумфираше во Лигата на шампионите, француското првенство, Купот и Супер купот на Франција.

THE BEST 2025 – Усман Дембеле прогласен за најдобар фудбалер
Фото: Принтскрин

Фудбалерот на ПСЖ и член на француската репрезентација, Усман Дембеле, ја освои престижната награда „The Best“ за најдобар фудбалер на светот за 2025 година. Наградата е резултат на извонредната сезона на Дембеле, кој со својот клуб ПСЖ постигна неверојатни успеси.

Со ПСЖ, Дембеле триумфираше во Лигата на шампионите, француското првенство, Францускиот куп и Супер купот на Франција. Главни конкуренти за наградата му беа Килијан Мбапе од Реал Мадрид и Ламин Јамал од Барселона. Признанието му го додели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Во женска конкуренција, најдобра фудбалерка е Аитана Бонмати од Барселона.

Најдобар тренер кај мажите е Луис Енрике од ПСЖ, додека кај жените наградата ѝ припадна на Сарина Вигман од Холандија, која ја предводеше англиската репрезентација до титулата европски првак.

Најдобар голман за 2025 година е Џанлуиџи Донарума, додека наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол ја освои Сантијаго Монтиел.

Во изборот учествуваа капитените на националните репрезентации, селекторите, новинари, како и фудбалските навивачи, кои гласаа преку официјалниот сајт на ФИФА.

CATEGORIES
Share This