ТЕТОВО ПОВТОРНО НА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Една одлука може да го распушти Советот
Одлуката на Уставниот суд за улиците во Тетово отвори нов политички фронт меѓу Касами и ДУИ, а во игра се и вонредни избори.

Одлуката на Уставниот суд за укинување на преименувањето на улиците во Тетово отвори нова политичка пресметка меѓу власта и ДУИ.
Градоначалникот Билал Касами размислува повторно да ја предложи истата одлука за имињата на улиците, што би можело да доведе до распуштање на Советот и распишување вонредни избори.
Причината е членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој Советот се распушта доколку повторно донесе пропис што претходно бил укинат од Уставниот суд.
ДУИ побара итна седница и најави протести, обвинувајќи ја власта дека не ја заштитила одлуката пред судот. Од друга страна, Општина Тетово најавува ново законско решение за именување на улиците.
Во меѓувреме, комисија во Општината работи на нови имиња за улици и објекти, а конечната одлука треба да биде усогласена со законските процедури.


