ТАЈНА МИСИЈА ОТКРИЕНА – Куба се обиде директно да стигне до Трамп, но планот пропадна

Курирот запрен на аеродром во Мајами, писмото веднаш одземено од американските служби.

ТАЈНА МИСИЈА ОТКРИЕНА – Куба се обиде директно да стигне до Трамп, но планот пропадна
Фото: Принтскрин

Обид на кубански функционери да воспостават директна комуникација со американскиот претседател Доналд Трамп бил спречен откако курирот што го носел писмото бил задржан на аеродромот во Мајами, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски извори.

Според информациите, документот бил оформен како дипломатска нота со официјален печат на Куба и содржел предлози за економска и инвестициска соработка, како и барања за олеснување на санкциите. Во него, наводно, имало и предупредување дека Хавана се подготвува за можни американски мерки или интервенција.

Иницијативата, како што се наведува, била поврзана со Раул Родригез Кастро, внук на поранешниот кубански лидер Раул Кастро, кој ангажирал кубански бизнисмен за лично да го достави писмото до Белата куќа.

Сепак, американските гранични служби го запреле курирот при пристигнувањето во Мајами, му го одзеле писмото и го вратиле во Хавана, со што обидот за директна комуникација бил прекинат.

Аналитичари оценуваат дека Куба се обидела да ги заобиколи вообичаените дипломатски канали и директно да се обрати до Трамп, во услови на сериозна економска криза во земјата.

Исто така се наведува дека во меѓувреме постојат тековни контакти меѓу американски и кубански претставници, додека претседателот Мигел Дијаз-Канел повторил дека не прифаќа преговори за политичкиот систем на државата.

Според „Њујорк“, кубанската економија е под силен притисок од долгогодишните американски санкции и внатрешни проблеми, дополнително отежнати по губењето на поддршката од Венецуела.

CATEGORIES
TAGS
Share This