СВЕДОШТВА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО – Даде пари и термин веднаш, жени кај гинеколог со плаќање за „бесплатни“ услуги

Испитувањето на ЕСЕ покажува дека корупцијата во здравтството е широко распространета и длабоко вкоренета

СВЕДОШТВА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО – Даде пари и термин веднаш, жени кај гинеколог со плаќање за „бесплатни“ услуги
Фото: Принтскрин

Истражување на граѓанската организација ЕСЕ открива дека корупцијата во здравството е широко распространета и длабоко вкоренета. Иако 93,8 % од граѓаните велат дека не понудиле поткуп, секојдневните искуства покажуваат спротивно: луѓето често се подготвени да платат пари, подароци или услуги за брз пристап до доктор.

Дури 62,7 % од испитаниците одговориле дале или им било побарано директно плаќање, 20,3 % давале подароци, а 13,6 % упатување на преглед во приватна установа или купување специфични лекови.

Битно е нешто да им се понуди на докторите, сведочи еден од испитаните.

„Мажот ми отиде во еден ‘кафич’ и му ги даде парите на докторот. Откако му ги дадовме парите, веднаш се најде термин за операција за детето, а претходно ни велeа дека нема термин, нема анестезиолог“, раскажува една учесничка.

Се нагласува дека жените се меѓу најранливите групи и една четвртина пријавиле корупција при гинеколошки и акушерски услуги.

„Сите велат дека преглед кај гинеколог е бесплатен, но нашиот гинеколог зема пари. Брис 700 денари, друг пат друга сума. Едноставно се плашиш да одиш на доктор, не знаеш колку ќе ти побара“, сведочи една учесничка.

Најчесто корупцијата се јавува при специјалистички услуги 59,3 %, оперативни зафати 33,9 % и болничко лекувањ: 32,2 %.

Министерот за здравство, Азир Алиу, најавува дека решението лежи во транспарентност, дигитализација на системот и строги правила. Граѓаните можат анонимно да пријават злоупотреба и да ја следат листата на чекање во реално време.

„Со овие мерки сакаме да создадеме систем каде корупцијата ќе се намали, а граѓаните ќе имаат сигурен пристап до здравствени услуги“, вели Алиу.

CATEGORIES
TAGS
Share This