СУДОТ СО ПОВИК Без сензационализам, со почит кон жртвите во трагедијата во „Пулс“

На 19 ноември започнува судењето за пожарот во кој загинаа над 60 лица - институциите бараат објективно известување и почит кон жртвите.

СУДОТ СО ПОВИК Без сензационализам, со почит кон жртвите во трагедијата во „Пулс“
Фото: Принтскрин

На 19 ноември во судницата на КПУ Идризово започнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најтрагичните несреќи во земјата во која животот го загубија над 60 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

В.д. претседателката на Кривичниот суд, судијката Даниела Димовска, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, денеска упатија апел за фер, транспарентна и достоинствена постапка без сензационализам и со почит кон сите страни во процесот.

Судијката Димовска најави засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа, потсетувајќи дека оштетените кои се сведоци нема да смеат да ја следат расправата пред сведочењето.

Обвинителот Коцевски информира дека тим од 15 обвинители ќе го води случајот за да не се дозволи одложување на рочиштата, а доказниот материјал е обемен.

Претседателот на Адвокатската комора Михајловски повика на дисциплина и почитување на редот, истакнувајќи дека правната борба треба да се води со доверба во судот.

Судскиот процес ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска.

CATEGORIES
TAGS
Share This