СТРАВ ВО ГЕРМАНИЈА ОД ВЛЕЗ НА AfD ВО ВЛАДАТА Може да бидат загрозени темелите на демократијата
Катарина фон Шнурбајн оценува дека политиката на десничарската Алтернатива за Германија кон одбележувањето на холокаустот ги поткопува демократските темели на земјата.

Комесарот на германската федерална влада за борба против антисемитизмот, Катарина фон Шнурбајн, денеска предупреди на можните последици од влегувањето на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во владата, оценувајќи дека нејзината политика може сериозно да ја загрози културата на сеќавање на холокаустот и демократските темели на земјата.
Фон Шнурбајн посочи дека особено загрижувачки е односот на AfD кон историското соочување со злосторствата на нацистичкиот режим и нивното одбележување.
„Она што ја прави идеологијата на AfD особено опасна е нејзиниот напад врз културата на сеќавање. Секој што не сака да признае што значеше холокаустот за Германија и човештвото ги поткопува самите темели на нашата демократија“, изјави таа.
Таа предупреди дека ваквиот пристап може да има конкретни и сериозни последици доколку AfD добие можност да учествува во извршната власт.
Изјавата на германската комесарка ја објавува магазинот „Шпигел“.

