СТРАВ И ЗАВИСНОСТ Како младите американци ја доживуваат вештачката интелигенција

Помладите генерации сè повеќе користат алатки за вештачка интелигенција во секојдневниот живот

СТРАВ И ЗАВИСНОСТ Како младите американци ја доживуваат вештачката интелигенција
Фото: Принтскрин

Најновото истражување на Харвард Универзитетот покажува дека младите се длабоко загрижени за влијанието на вештачката интелигенција (ВИ) врз нивната професионална иднина. Сепак, значителен дел од нив се потпира на алатките за ВИ за извршување на секојдневни задачи.

Речиси 6 од 10 млади Американци (59% од испитаниците на возраст од 18 до 29 години) ја гледаат вештачката интелигенција како закана за нивните перспективи на пазарот на трудот. Подетално, 26% сметаат дека ВИ е голема закана, 33% ја перципираат како мала закана додека 23% не гледаат никаква закана.

Овој страв е поголем од загриженоста за традиционалните причини за губење на работни места: 48% од младите се загрижени поради аутсорсинг, а 31% поради имиграција.

И покрај стравот, помладите генерации сè повеќе ја усвојуваат технологијата на ВИ. Повеќе од една третина (35%) користат големи јазични модели како ChatGPT, додека 63% сè уште не. Исто така, 52% веруваат дека ВИ им помага да ги завршат работните или училишните задачи.

Анкетата покажува и песимистички поглед кон иднината на работата: 41% мислат дека ВИ ќе ја направи работата помалку значајна, а само 14% веруваат дека ќе стане позначајна додека 44% сметаат дека ВИ ќе им ги одземе можностите а само 14% очекуваат дека ќе создаде нови.

Резултатите, објавени во Business Insider, ја прикажуваат сложената и поделена перцепција на младите кон технологијата која ја обликува иднината. Анкетата опфати 2.040 американски граѓани.

CATEGORIES
Share This