СТОИЛКОВИЌ ГО ВЕЛИЧА МЛАДИЌ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО МОЛЧИ Што чекаат институциите

СТОИЛКОВИЌ ГО ВЕЛИЧА МЛАДИЌ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО МОЛЧИ Што чекаат институциите

Наместо Европа, демократија и просперитет, добиваме министри во Владата на Мицкоски кои го величаат осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. И тоа не е само уште еден скандал. Од „српскиот свет“ и Вучиќ, преку руските влијанија и воодушевувањето од Кина, до создавањето етнички поделби и тензии и сето ова се вклопува во поширока политичка матрица за која одамна предупредуваме.

Но, овојпат постои и нешто многу посериозно – Кривичниот законик. Членот 407-а санкционира одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Членот 319 санкционира предизвикување или разгорување национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост.

А Уставот и Законот за политичките партии поставуваат јасна граница и за дејствувањето на политичките партии. Значи, законот постои. Кривичните дела постојат. Обвинителството постои. Што се чека? Повик од Мицкоски?

Иван Стоилковиќ е министер во Владата и претседател на Демократската партија на Србите. Далибор Китановиќ е директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Мицкоски мора да одговори: има ли место во неговата Влада за функционери кои величаат или оправдуваат осудени воени злосторници? А Јавното обвинителство мора да утврди дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело.

Политичката одговорност е едно. Кривичната одговорност е нешто сосема друго. Институциите мора да покажат дека законите важат за сите и за оние на власт. Ова не е прашање на политика. Ова е прашање на владеење на правото – истакна на прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова.

CATEGORIES
Share This