ПОЖАРОТ СТИГНА ДО КУЌИТЕ ВО КУКЛИШ Пожарникарите спречија катастрофа

Четири пожари избувнаа во Струмица, а брзата интервенција на пожарникарите од Струмица, Радовиш и Валандово спречи огнот да се прошири кон домовите и земјоделските површини.

ПОЖАРОТ СТИГНА ДО КУЌИТЕ ВО КУКЛИШ Пожарникарите спречија катастрофа
Фото: Принтскрин

Над 30 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден, а опасноста од нови огнени жаришта и натаму останува висока.  И покрај најавите за локални попладневни врнежи денес и утре, опасноста од пожари не се намалува. Причина за тоа е исклучително сувата вегетација, која лесно се пали и овозможува брзо ширење на огнот.

Само во текот на вчерашната вечер, на територијата на општина Струмица избувнале четири пожари. Благодарение на навремената интервенција, струмичките пожарникари успеале да ги локализираат и изгаснат сите огнени жаришта.

Најкритично било кај селото Куклиш, каде што огнот се приближил до првите куќи. Со брзата и пожртвувана реакција на струмичките пожарникари, потпомогнати од колегите од Радовиш и Валандово, била спречена опасноста пожарот да предизвика многу поголема штета.

Дополнителните и најнови информации за состојбата со пожарите во земјата ги објавува Центарот за управување со кризи.

CATEGORIES
Share This