СОВРЕМЕНА И ЕФИКАСНА ДАНОЧНА АДМИНИСТРАЦИЈА – УЈП во размена на искуства во ЕУ

Зголемување на аналитичките капацитети и транспарентноста во даночната администрација

СОВРЕМЕНА И ЕФИКАСНА ДАНОЧНА АДМИНИСТРАЦИЈА – УЈП во размена на искуства во ЕУ
Фото: Национал

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошник-директорката Тања Анчевска, учествуваа на Даночниот симпозиум на ЕУ „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и раст во глобалната економија“, коорганизиран од Европскиот парламент и Европската комисија.

На настанот, кој ги собра високи носители на политики, експерти и академици од областа на финансии и оданочување, дискутираа клучни прашања за модернизација на даночните системи, намалување на административниот товар, спречување на даночна евазија и дигитализација на даночните процеси.

Посебно внимание беше посветено на глобалниот минимален данок и намалувањето на ДДВ јазот, како и на развојот на аналитички капацитети и стандардизација на податоците преку иницијативи како ВИДА.

УЈП оствари средби со колеги од други земји за размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка, што ја унапредува институционалната подготовка за современа, транспарентна и ефикасна даночна администрација.

CATEGORIES
Share This