СОСТОЈБАТА НА УСНИТЕ Е ВАЖНА Еве што тие откриваат за нашето здравје

Ништо не е поубаво и поженствено од хидрирани, црвени усни. Но, што се случува кога усните ќе променат боја? Или кога стануваат изненадувачки суви, болни и испукани? Или, ако усните отекуваат? Како и косата, ноктите и кожата, усните се добар индикатор за нашето здравје. Промените на усните не се само естетски, иако прво ги забележуваме додека ги извршуваме нашите рутини за убавина. Секое, наизглед безначајно, менување на усните може многу да открие за состојбата на нашето тело.
Што всушност усните откриваат за нашето здравје? Промените на усните, било да се работи за текстура или боја, можат да се појават поради најразлични причини. Хормоналните промени, на пример, можат да предизвикаат затамнување на усните за време на бременост, менструација или менопауза. Недостатокот на гвожђе може да предизвика бледи и потамнели усни, додека алергиски реакции на храна, лекови или козметика можат да доведат до отечени и обezбоени усни. Некои луѓе можат да бидат предиспонирани на затамнување на усните поради генетски фактори.
Без разлика на причината за промените на усните, едно е сигурно: тие се значаен индикатор за нашето здравје. Изгледот, бојата, текстурата и состојбата на усните можат да бидат покажатели на различни физички проблеми. Бледи или речиси бели усни можат да укажуваат на анемија или низок ниво на гвожђе, додека плавакасти усни можат да бидат знак за недостаток на кислород во крвта или проблеми со белите дробови и срцето. Јарко црвените усни понекогаш укажуваат на воспаление, инфекција или висок крвен притисок.
Хронично суви и испукани усни често укажуваат на дехидратација, недостаток на витамин Б или лоша хидратација на кожата. Пукањето на кожата во аглите на усните може да биде поврзано со недостаток на витамин Б2, Б3 или гвожђе. Усните се огледало на внатрешното здравје, и секоја промена која трае или се јавува нагло може да биде знак дека треба да се посети лекар за да се исклучат посериозни здравствени проблеми.
Време е да научиме да ги читаме сигналите кои ни ги испраќаат усните. Испукани усни често се знак на општа дехидратација. Затоа, важно е да пиете доволно вода секој ден. Испукани усни можат да укажуваат и на воспалителни болести на кожата, како што е невродерматитис. Ако почувствувате пецкање или напнатост во усните, време е за преглед кај дерматолог.
Испукани агли на усните често се знак за недостаток на хранливи материи. Урамнотежената исхрана, богата со свежо овошје и зеленчук, може да помогне во подобрување на состојбата на усните. Но, ако проблемот продолжи, препорачливо е да се посети дерматолог, бидејќи може да се работи за габична инфекција.
Плавкасти усни, особено во ладно време или по консумирање на слатки, обично не се опасни. Меѓутоа, ако оваа промена на бојата често се повторува, треба да се обратите на вашиот лекар. Најчестиот причинител е недостатокот на кислород, што може да биде последица на проблеми со белите дробови или срцето.
Отечени усни обично укажуваат на силна алергиска реакција. Во таквите случаи, потребно е да се направи алергиски тест, особено ако отечените усни се придружени со пецкање и свраб во устата. Ако имате симптоми како краток здив, веднаш повикајте лекар.
Бледите усни често укажуваат на недостаток на гвожђе. Тестот на крвта ќе ви даде јасна слика, а можеби ќе треба да започнете со земање на додатоци на исхрана. Како превентивна мерка, вклучете во вашата исхрана извори на гвожђе, како што се немасно месо, производи од цело зрно и махунарки.
Во ретки случаи, појавата на пликови на усните може да укаже на нетолеранција на лекови, но обично значи едно: херпес! Симптомите на херпес можат да се повторуваат, особено во стресни ситуации или кога сте настинати. За третман, користете лековити фластери и масти со активна состојка ацикловир, кои можете да ги најдете во аптеките.


