СОПСТВЕНИЧКАТА БИЛА ВНАТРЕ – Барот во Кран Монтана кој гореше дозволувал влез на малолетници

Сопственичката Џесика Морети се здобила со изгореници, но е надвор од животна опасност

СОПСТВЕНИЧКАТА БИЛА ВНАТРЕ – Барот во Кран Монтана кој гореше дозволувал влез на малолетници
Фото: Принтскрин

Сопствениците на барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за брачната двојка Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика, кои го презеле барот во 2015 година. Покрај него, тие управуваат и со ресторанот Le Vieux Chalet во Ленс.

Под нивно водство, некогаш запоставениот бар беше претворен во популарен ноќен клуб, омилено место за излегување на млади и богати љубители на зимските спортови, како и на локални жители. Клубот имаше тераса на првиот кат и подрумски дел со диџеи и музика во живо, а според медиумите, беше единствениот во одморалиштето што дозволувал влез на лица под 18 години.

Пријател на семејството потврди дека Морети се живи. Во моментот на пожарот во барот била само Џесика Морети (40), која се здобила со изгореници на раката. Досега медиумите не успеале директно да разговараат со сопствениците, а еден од нив истакнал дека сите се во длабок шок.

„Изгубивме дел од нашиот персонал, но многу е тешко да се зборува за тоа денес“, рекол тој.

CATEGORIES
Share This