СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – АМСМ предупредува на можни одрони на патиштата
Коловозите се претежно суви, сообраќајот надвор од градовите е со умерен интензитет, а на граничните премини нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, не се бележат подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои опасност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен од 15 април за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

