СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ Температури до 18 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во Скопје се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност.

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ Температури до 18 степени
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурите ќе се движат од 1 до 17 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Според метеоролошките параметри за главниот град, температурата изнесува 18 степени, атмосферскиот притисок е 982 хектопаскали, влажноста на воздухот 45 проценти, додека брзината на ветерот е 2 метри во секунда.

CATEGORIES
Share This