ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА Прекин на водоснабдувањето на повеќе улици

Поради промена на затворач на улицата Миладин Поповиќ, прекин на водоснабдувањето ќе има од 9 часот до завршување на работните активности.

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА Прекин на водоснабдувањето на повеќе улици
Фото: Принтскрин

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека денеска (17 октомври 2026 година), дел од корисниците во главниот град ќе останат без вода поради техничка интервенција на водоводната мрежа.

Како што информираат од претпријатието, прекинот е поради промена на затворач со профил Ф-100 на улицата Миладин Поповиќ бр. 15.

Без водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Миладин Поповиќ, како и дел од улиците Орце Николов, булеварот Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова.

Прекинот ќе започне во 9 часот наутро и ќе трае до завршување на работните активности.

CATEGORIES
Share This