СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО ТЕМЕРАТУРИ ДО 21 СТЕПЕНИ Северниот ветер ќе биде најизразен во овие делови од Македонија
Пред нас е претежно сончев ден со мала до умерена облачност, но и со северен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Фото: Принтскрин
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат релативно ниски, додека во текот на денот се очекува потопло и пријатно време.
Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 21 Целзиусов степен.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од државата.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
И покрај свежото утро, во текот на денот ќе преовладуваат поволни временски услови, со повеќе сончеви периоди во најголемиот дел од земјата.
CATEGORIES Македонија

