АМСМ СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ Еве каква е состојбата на патиштата и граничните премини
Сообраќајот низ Македонија се одвива непречено, без поголеми застои и подолги чекања на границите, но возачите се предупредуваат на опасност од одрони на одредени патни правци.

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на движење според условите на патот и доследно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат одговорно и внимателно, особено на планинските патни правци и делниците каде што постои зголемен ризик од одрони.

