СО ГОДИНИ ЗБОРУВАМ, СЕГА И ЦАРОТ ПОТВРДИ Бачев открива кој е вистинскиот проблем на Македонија со Бугарија
Во фокусот на неговата реакција се Македонците кои, според него, се однародиле и заземале високи функции во Софија.

Фото: Принтскрин
Професорот и лидер на Единствена Македонија, Јанко Бачев се осврна на изјавата на поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски дека Бугарија не треба да кочи и Македонија мора во ЕУ, оценувајќи дека таа ги потврдува неговите ставови што, како што вели, ги застапува со години за бугарско-македонските односи. Во статус објавен на Фејсбук, Бачев посочува дека проблемот меѓу Македонија и Бугарија не го гледа во бугарскиот народ, ниту во царот Сакскобурготски, туку во, како што ги нарекува, „македонските јаничари“ кои не издржале во историјата а во поновата бугарска држава во последните 150 години секогаш биле на највисоки државни функции во Софија. Значи, од нашите Македонци кои се однародиле си страдаме, напиша Бачев.
CATEGORIES Македонија

