СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДЕН НАСТАН За стартапи, иновации и бизнис ангел инвестиции

Организаторите посочуваат дека настанот беше важна можност за зајакнување на регионалната соработка и создавање услови за поголема поддршка на младите претприемачи и иновативните компании.

СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДЕН НАСТАН За стартапи, иновации и бизнис ангел инвестиции
Фото: Принтскрин

Во организација на EMKICE KIC и ACRID Network, денеска, (среда, 27.05.2026) во Скопје во Startup Club Македонија се одржа настан посветен на претприемништвото, стартап екосистемот, иновациите и можностите за финансирање преку бизнис ангел инвестиции, со поддршка и учество на European Business Angels Network, Q&A, networking и презентација на книгата Zero Risk Startup од Paulo Andrez.

Настанот ги обедини домашни и меѓународни експерти, инвеститори, претставници на институции, академската заедница и стартап секторот, со цел поттикнување на соработка, размена на искуства и отворање нови можности за поддршка на иновативни идеи и компании во регионот.

Во рамки на програмата, свои излагања и експертски осврти имаа:

Paulo Andrez – претприемач, инвеститор и автор

Sasho Jovanovski – директор на Startup Club Skopje

Daniela Dimova – директор на INNOVA

Silvija Gelevski – претставник на Zefir Angels

Venera Krliu – ректор на University American College Skopje

Ilija Vuchkov – претставник на EMKICE и ACRID Network

Jesus Boyano – директор на INFODEF (Шпанија)

Ljubomir Kekenovski – економски експерт и професор

Monika Markovska – економски експерт и професор

Mihail Kitanovski – бизнис консултант и експерт

Главниот фокус на настанот беше насочен кон развојот на стартап екосистемот, пристапот до инвестиции, дигиталната и зелената транзиција, примената на нови технологии и улогата на академската заедница во создавање иновативна и конкурентна економија.

Преку панел-дискусии, презентации и вмрежување, учесниците имаа можност да разменат знаења и искуства, како и да иницираат нови партнерства помеѓу бизнис секторот, инвеститорите и образовните институции.

Организаторите посочуваат дека настанот беше важна можност за зајакнување на регионалната соработка и создавање услови за поголема поддршка на младите претприемачи и иновативните компании.

CATEGORIES
Share This