НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ Пороен дожд, грмежи и силен ветер низ Македонија

Локално се очекува невреме со силен ветер над 60 km/h и услови за појава на град

НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ Пороен дожд, грмежи и силен ветер низ Македонија
Фото: Национал

Денеска (28.05) времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 9 до 30 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работин на Македонија.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

CATEGORIES
Share This