СКИЈАЊЕ ВО МАРТ – На Попова Шапка снег до 58 сантиметри

Патеките се одлично подготвени, а оваа недела ве очекуваат намалени цени на ски-картите.

СКИЈАЊЕ ВО МАРТ – На Попова Шапка снег до 58 сантиметри
Фото: Национал

Денешниот ден осамна со радосна вест за љубителите на скијањето во Македонија. На Попова Шапка наврна снег кој достигна до 58 сантиметри. Утрово е измерена температура од -3 степени Целзиусови.

Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

Од ски центарот информираат дека скијачката сезона продолжува. Патеките се одлично подготвени, а оваа недела ве очекуваат намалени цени на ски-картите. Поминете прекрасна недела во Попова Шапка.
CATEGORIES
Share This