СКАНДАЛОТ СО НЕПОТРЕБНИ СТЕНТИРАЊА – Комисијата не дава резултати, Кедев се повлекува
Лекарот што ги откри нередностите поднел оставка поради недостаток на активности

Сè уште нема видливи резултати од работата на комисијата при Министерството за здравство, која треба да утврди дали кај одредени пациенти биле извршувани скапи кардиоваскуларни интервенции без реална медицинска потреба.
Кардиологот Сашко Кедев, лекарот што прв јавно го отвори ова прашање и чии изјави предизвикаа силни реакции во јавноста, поднел оставка од членството во комисијата формирана од министерот за здравство Азир Алиу. Како причина за повлекувањето е наведен застојот во започнатите контролни процеси и отсуството на конкретни активности.
Во меѓувреме, сè уште нема официјална потврда дали и кога ќе започне со работа најавената комисија со странски експерти, која треба да помогне во расветлувањето на овој потенцијален здравствен скандал.
Дополнително, се појавуваат и критики за составот на комисијата при Министерството за здравство. Според реакциите, во контролните процеси не се вклучени доволно компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет од областа на кардиологијата, туку доминираат интернисти и лекари од судска медицина, што отвора сомнежи за ефикасноста и сериозноста на истрагата.

