СИНОТ НА ЗАЕВ ЧУДО ОД ДЕТЕ – Душко Заев остварил 1 милион евра од струја
Тој е првиот од семејството Заеви кој влегол во бизнисот со производство на електрична енергија, а по него истата дејност ја започнале и неговиот чичко Вице и дедо му Панче Заев.

Фото: Принтскрин
Фирмата „Тотал енерџи“, сопственост на Душко Заев – синот на поранешниот премиер Зоран Заев лани остварила добивка од 58 милиони денари, односно околу 954 илјади евра.
Душко Заев ја основал компанијата во 2022 година, на само 18-годишна возраст, а таа веднаш почнала да работи профитабилно. Веќе во првата година имала финансиски успех, додека во 2023 година добивката изнесувала 39 милиони денари, или околу 636 илјади евра.
Тој е првиот од семејството Заеви кој влегол во бизнисот со производство на електрична енергија, а по него истата дејност ја започнале и неговиот чичко Вице и дедо му Панче Заев.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


