ШКОТСКА ПРЕД НОВ ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС Лондон веднаш удри кочница

Шкотскиот парламент со мнозинство го поддржа предлогот за нов референдум за независност.

ШКОТСКА ПРЕД НОВ ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС Лондон веднаш удри кочница
Фото: Принтскрин

Парламентарците од редовите на Шкотската национална партија (ШНП) и Зелените го поддржаа предлогот за нов референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство.

За предлогот на лидерот на ШНП, Џон Свини, гласаа 72 пратеници, 55 беа против, а двајца воздржани.

Сепак, иницијативата наиде на отпор во Лондон, кој одби да дозволи одржување на втор референдум од страна на Шкотскиот парламент.

Од Даунинг стрит соопштија дека владата на Обединетото Кралство не ја поддржува независноста ниту нов референдум.

„На граѓаните им е потребно владите да се фокусираат на клучните прашања како економскиот раст, трошоците за живот и јавните услуги. Нашиот приоритет е работа, а не поделби. Пред гласањето во 2014 година постоеше консензус меѓу сите партии и институции за одржување референдум, но сега таков консензус нема“, порачаа од Лондон.

Би-Би-Си забележува дека премиерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска сè почесто изразуваат политички разлики со ставовите на Лондон.

На референдумот за независност одржан во септември 2014 година, 55,3% од гласачите беа против независност, додека 44,7% гласаа за отцепување од Обединетото Кралство.

Анкетите од оваа година покажуваат слична слика: околу 56% од граѓаните се против независност, додека околу 44% ја поддржуваат.

CATEGORIES
TAGS
Share This